Ќе биде лудо во самиот финиш: Денвер „преживеа“ и се врати на 2:2 во серијата

НБА плеј-офот покажа повторно зошто е најинтересниот дел од сезоната, откако синоќа Денвер се врати во живот во серијата и изедначи на 2:2.

Денгер ги запали моторите и го израмни резултатот на 2:2, откако по првите два меча се чинеше дека Минесота е блиску до финалната серија.

Нагетси синоќа беа подобри со резултат 115:107, а повторно брилјираше Никола Јокиќ, кој запиша неверојатни 35 поени, седум скокови и седум асистенции. Одличен беше и Гордон со 27 поени, седум скокови и шест асистенции.

Во редовите на Минесота најдобар повторно беше Едвардс кој запиша 44 поени, 5 скокови и 5 асистенции. Конли запиша 15 поени.

Изедначување видовме и на истокот каде Индијана израмни на 2:2 во серијата против Њујорк. Таму Пејсерси славеа со 121:89.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО