Артета: 27 победи не се прогрес, туку историја, сега очекуваме добар резултат од Лондон

Арсенал оствари победа на гостувањето во Манчестер на „Олд Трафорд“ со 1:0 и впиша огромни, џиновски три бода претпоследното коло сезонава.

Сега на потег е Сити, кој ќе има исклучително тешка задача, да победат кај Тотенхем, бидејки само тоа ќе ги задржи на првата позиција, па во последното коло секој за себе да си решава.

Видно беше расположението кај Микел Артета по победата во Манчестер и нагласи дека посакува добар резултат во Лондон, кој ќе им одговара (мисли на мечот Тотенхем – Сити).

– Сезонава имаме 27 победи во Премиерлигата, тоа е најмногу во фудбалската историја на клубот последните 130 години, тоа не е прогрес, туку историја, посебно во првенство какво што имаме против тренери како Јирген и Пеп.

– Сакавме да го оствариме овој резултат, да ја оставиме вратата отворена за последниот меч на домашен терен, но за тоа ќе ни биде потребен добар резултат во Лондон (на мечот Тотенхем – Сити). Среќни сме за победата и се надеваме дека се ќе се решава во последното коло, кога играме пред наша публика, порача Микел Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО