Финалето на ЛШ 2026 или 2027-та на „Сан Сиро“?

Стадионот „Сан Сиро“ во Милано има „добри шанси“ да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2026 или во 2027 година, потврди заменик-секретарот на УЕФА, Џорџо Маркети.

Стадионот во Милано за кој цела деценија се говори дека ќе се реновира или модернизира, па и дислоцира, останува култно место за фудбалскиот свет.

– Постојат добри шанси финалето на новиот турнир во Лигата на шампиони, 2026 или 2027-та да се игра во Милано. Италија ја поднесе кандидатурата за домаќин на тој меч, па ќе видиме што ќе се случи, изјави Маркети во интервју за италијанско радио.

„Сан Сиро, иако не е еден од најмодерните стадиони, сепак е икона на меѓународниот фудбал, познат кај сите љубители на спортот, пред се’, на фудбалот. Одлуката за местата каде што ќе се игра финалето во ЛШ 2026 и 2027 година се очекува да биде донесена до крајот на мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО