Карлос Саинц: Победник во 2026 година ќе биде оној кој е на вистинското место во вистинско време

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, смета дека победникот во 2026 година, кога ќе стапат на сила новите технички прописи на Формула 1, нема да биде тој што ќе носи паметни одлуки, туку тој што ќе има среќа.

-Кога ќе донесам одлука за тоа каде ќе бидам во 2026 година, не обрнувам внимание на тоа што велат тимовите, што нудат, какви мотори ќе имаат. Реалноста е дека никој не го знае ова во моментов. Според мене, победник во 2026 година нема да биде оној кој ќе донесе паметни, правилни одлуки, туку оној кој едноставно ќе се најде на вистинското место во вистинско време. Што се однесува до 2025 година, со оглед на нивото што го покажувам сега, би сакал да добијам конкурентен болид. Но, повторно, не зависи сè од мене, сепак треба да почекаме, изјави Саинц,

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО