Барселона повеќе не дава приоритет на потпишувањето на Кансело и Феликс

Барселона одлучи дека повеќе нема да прави напори да ги задржи во клубот десниот бек Жоао Кансело, позајмен од Манчестер Сити и крилниот напаѓач Жоао Феликс, позајмен од Атлетико Мадрид, објави шпанскиот „Спорт.ес“.

Според изворот, каталонскиот клуб ќе потпише со овие играчи само доколку тоа е економски изводливо. Воедно, се нагласува дека Барселона повеќе сака да го задржи Кансело во клубот отколку Феликс. Крилниот напаѓач не остави многу голем впечаток кај тренерот на каталонскиот клуб Чави, па 24-годишниот фудбалер го смета само како дополнителен играч во тимот, а не како главен.

Да потсетиме, договорите за позајмица на двајцата играчи истекуваат на крајот од оваа сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО