Хари Кејн загрижен за репрезентацијата пред почетокот на ЕП

По изненадувачкиот пораз на „Вембли“ од Исланд (1:0), репрезентативецот на Англија, Хари Кејн е загрижен за претстојното ЕП.

Капитенот на Англија ги повикува своите соиграчи и сонародници тој неуспех брзо да го заборават и веќе со мислите да се фокусираат на претстојните натпревари на ЕП.

Премиера за Англија ќе биде мечот против соседна Србија на 16. јуни, со што ќе се види до каде е оваа репрезентација на Англија и со каков дострел се гледа на ова ЕП.

– Ваквите порази знаат да бидат повик за будење и мора да бидат повик за будење за нас. Мора да разбереме дека нема да биде лесно како што мислат луѓето. Има многу работа која треба да се одработи, мора да се поправиме. Ќе мора добро и квалитетно да одиграме дефанзивно, но и со добри акции во нападот. Таму ќе треба да бидеме трпеливи.

– Во фудбалот секогаш имате успони и падови, а поминаа скоро две години од последното големо натпреварување и на тоа мора да заборавиме. Возбудени сме, но и внимателни пред почетокот на ЕП, порача Кејн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО