Фудбалерите на Арсенал не треба да се препуштат на емоциите во последното коло од англискиот шампионат, изјави плејмејкерот и капитен на тимот Мартин Одегард, за агенцијата „Ројтерс“. „Топчиите“ заостануваат два бода зад Манчестер Сити во трката за титулата и ќе бркаат неопходна победа против Евертон на домашен терен.
-Разговаравме за тоа еден ден по победата на Манчестер Сити против Тотенхем. Мораме да се фокусираме на себе и да не се предаваме на емоциите, изјави Норвежанецот.
– Ни останува само уште еден натпревар и тој е дома. Ова е последен натпревар во сезоната и нашата цел е јасна – само и единствена победа. Ќе видиме што ќе се случи, но победата е задолжителна. Титулата е надвор од наша контрола, но мечот со Евертон не е. Оваа година направивме голем чекор напред и сме подобар тим од оној што ја заврши минатата сезона. Одигравме одлични игри, направивме неколку добри резултати и сме во игра за титулата во последното коло,изјави Одегард.