Капело ја анализира кризата во Јуве

Екипата на Јувентус на последните осум натпревари забележа само една победа. Според поранешниот тренер на „старата дама“, Фабио Капело, тоа се должи на слабиот ростер.

-Пред се, да кажам дека Алегри правеше чуда до дербито на Италија држејќи го Јувентус блиску до Интер. Двата тима не се ни споредуваат по квалитет, дури и Милан е поконкурентен од Бјанконерите – вели Капело.

-Не е проблем што Алегри не користи трио во нападот. Ги нема Винисиус или Мбапе за да користи тројца напаѓачи. Нема сомнеж дека Киеза е опасен кога игра на крилната позиција. Откако ќе отиде во центарот, станува полесен за чување. Кои играчи ги има Алегри за напаѓачко трио со Киеза и Влаховиќ? – потенцира Капело.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО