Канатларовски: За Македонија се’ освен победа против Гибралтар ќе биде неуспех

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 година) в четврток ги продолжува квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025. Во Скопје гостува Гибралтар, а неколку дена подоцна и Шведска.

Во пресрет на тие дуели, селекторот Драги Канатларовски зборуваше за очекувањата од новите пресметки.

– Нема слаби противници. Ние и минатата година видовме колку и на клупско ниво е променет фудбалот во Гибралтар, особено низ натпреварите кои ги играше Шкупи во европските купови.

Нивната победа против Молдавија и минималниот пораз од Холандија со 0:1 покажуваат дека станува збор за солидна репрезентација. Но, за нас се’ освен победа на мечот во четврток ќе биде неуспех.

Сметам дека имаме подобар играчки кадар од Гибралтар, имаме поквалитетен тим и со максимално ангажирана игра и дисциплина во сите 90 минути може да се надеваме на успех. Неретко тие помали репрезентации знаат да им ги замрсат сметките на поквалитетните репрезентации, вели Канатларовски.

Младите по подолго време ќе одиграат меч на националната арена „Тодор Проески“. Канатларовки смета дека тоа ќе биде предност за нашата селекција.

– Според мене и од мое лично искуство, играњето на националната арена треба да биде предност. Тоа е нашиот најквалитетен терен и целата енергија треба да ја посветиме на техничко-тактичко надмудрување. Предноста треба да биде на наша страна, затоа што нашите фудбалери се технички подобри од Гибралтар, истакна Калантларовски во гостувањето на програмата на Спортското радио 90.3 фм.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО