Канатларовски, селектор на Македонија (до 21 година): Гибралтар мораме да го добиеме

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 година) кон крајот на март ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во Словачка 2025 година.

Селекцијата предводена од селекторот Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревара, против Гибралтар и Шведска на домашен терен.

Дуелот против Гибралтар ќе се игра на 21-ви, а против Шведска на 25-ти март, на националната арена „Тодор Проески” во Скопје со почеток од 14 часот.

– Не’ очекуваат два многу битни натпревара од кои тој со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се’ друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник и да покажеме дека победата против нив на гости во првото коло не беше случајна, изјави Канатларовски.

На списокот на селекторот Канатларовски се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (А.П. Брера), Стефан Митрев (Кожув) и Иван Николоски (Каменица Саса)

Одбрана: Методи Максимов (Алесунд, Норвешка), Стефан Деспотовски (Работнички), Решат Рамадани (Шкендија), Имран Фетаи (Тиквеш), Андреј Стојчевски (Жилина),  Михаил Димитриевски (Брегалница)

Среден ред: Иван Николов (Сондеријске, Данска), Ардијан Цилафи (Сампдорија, Италија), Хамза Рамани (Шкупи), Лука Станковски (Тузласпор, Турција) Алекс Златков (Македонија ЃП), Димитар Тодоровски (Работнички), Матеј Ангелов (Работнички), Ване Крстевски (Шкендија), Берат Калкан (Гостивар),  Еркан Семовски (Коге, Данска), Џемил Јахја (Воска спорт).

Напад: Марио Илиевски (Кишварда), Луан Абази (Сент Гален, Швајцарија), Филип Трпчевски (Уциктен, Шведска)

Собирот на репрезентацијата е закажан на 18-ти март напладне во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО