Арапите нудат милијарда долари за Премиум тениски турнири!

АТП и ВТА би можеле да се спојат со финансиска поддршка од Саудиска Арабија. Британски „Телеграф“, повикувајќи се на свои извори, пренесува дека во саботата во Индијан Велс се разговарало за можно создавање на Премиум турнири.

Првиот човек на АТП, Андреа Гаудензи, им кажал на претставниците на Мастерс турнирите дека инвестицискиot фонд на Саудиска Арабија понудил спојување на машките и на женските турнири со капитал од една милијарда долари.

Таа понуда ќе важи 90 дена, но се однесува на грен слем турнирите. На крајот од февруари, Саудијците станаа партнер и главен спонзор на АТП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО