Витсел пред реваншот со Интер во ЛШ: Очекувам агресивен меч со многу дуели

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Белгицот Аксел Витсел, во пресрет на вечерашното реванш осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ) против Интер вели дека на овој меч мора да игра значително подобро отколку на првата средба во Милано.

– На сите ни е јасно дека во првиот меч бевме лоши. Мораме да го смениме „чипот“, не можеме да продолжиме со истиот дух. Интер е многу силен тим, на сите делови на теренот и за нас ова нема да биде лесен натпревар. Очекуваме агресивна игра, игра со многу контакти и со голем интензитет, изјави Витсел.

Интер има минимална предност од првата средба кога победи со 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО