Бурно ќе биде во Атина за време на финалната серија од плеј-офот.
За титулата во домашното првенство се борат двете најдобри екипи, новиот шампион од Европа, Панатинаикос, против Олимпијакос, кој по три меча во серијата, води со 3:1.
Црвено-белите од Пиреа вечерва од 20:15 часот пред своите гледачи ќе имаат можност да ја освојат титулата, а овој дуел има интересна увертира.
Имено, дисциплинските органи во грчката кошарка, ова попладне донесоа одлука за суспензија за првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос.
Тој е суспендиран на три месеци, па вечерва нема да му биде дозволен влез на кошаркарскиот натпревар кој може да биде последен и Олимпијакос да стане шампион.