Димитриевски: Доаѓам во голем клуб, со импресивен стадион и навивачи!

Веднаш по претставувањето во Валенсија, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, го даде своето прво интервју.

Тој по долги години, реши дека е време за промена, го напушти Рајо Ваљекано и потпиша со составот на Валенсија, каде го очекуваат нови предизвици во Примера.

– Среќен сум што доаѓам овде, добро го познавам градот, ми се допадна тоа што Валенсија долго ме посакуваше и сега се договоривме за соработка. Валенсија е клуб со доста млади и перспективни играчи, со добар стадион и добар град. Со нетрпение очекувам да го облечам дресот на овој голем клуб, порача Димитриевски.

Неговиот договор е потпишан на три сезони, а финансиски детали не се познати, но се верува дека Димитриевски ќе заработува нешто повеќе од она што го заработуваше во Рајо Ваљекано.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО