Реал Мадрид ја декласира екипата на Џирона во дербито на колото во Примера вечерва со 4:0.
Избраниците на Карло Анчелоти одиграа фантастичен натпревар и апсолутно се господари на овој триумф и бодови. Џирона едноставно немаше шанси против ваков мотивиран Реал Мадрид.
Се тргна од голот на Винициус Жуниор уште во 6. минута, а на 2:0 зголеми Џуд Белингем за веќе осетна предност на домаќините.
Во вториот дел Реал продолжи да ја форсира својата игра и Џирона немаше шанси против таква поставеност. Во 3:0 Белингам повторно постигнува гол, втор на овој натпревар за него, додека конечните 4:0 ги постигна Родриго во 61. минута.
До крајот на средбата „кралевите“ имаа уште неколку шанси и тоа можеше да биде вистинска поплава за гостите, но до крајот се одбранија и резултатот беше конечни 4:0.