Јувентус во преговори за Мејсон Гринвуд

Јувентус преговара со Манчестер Јунајтед за трансфер на Мејсон Гринвуд, објави весникот „Газета дело Спорт“. Играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“ веќе им кажал на семејството и колегите дека сака да игра за клубот од Торино, а директорот на „бјанконерите“, Кристијано Џунтоли, преку посредници започнал прелиминарни разговори со 20-кратниот шампион на Англија.

Новиот тренер на италијанскиот гигант Тиаго Мота, чие назначување треба и официјално да биде потврдено следната недела, веќе го одобри потенцијалниот трансфер. Манчестер Јунајтед неколку пати изјави дека немаат намера да го задржат Англичанецот во својот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО