Голманот на фудбалскиот состав Монца, Микеле ди Грегорио, во текот на летово ќе ја промени средината.
Според новинарот, Фабрицио Романо, луѓето од Јувентус постигале начелен договор со чуварот на мрежата и ќе го ангажираат во Торино.
Тие за неговиот потпис ќе платат 18+2 милиони евра. Ди Грегорио кој во сезонава одигра 33 натпревари во Серија А, беше прогласен за најдобар на неговата позиција.