Јуве ја победи Верона и ја продолжи победничката серија!

Јувентус – Верона 2:0 е епилогот од последниот меч од 27.коло во Серија А, кој се одигра вечерва во Торино. Ова беше петти триумф на Јуве во Серија А, па така сега составот на Тиаго Мота се наоѓа на 4.место на табелата со само -6 бода во однос на лидерот Интер.

Сепак треба веднаш да се каже дека Јуве и тоа како тешко дојде до победата, посебно ако се знае дека во финишот на првиот дел гостите поведоа со 0:1 со голот на Суслов, ама од страна на ВАР истиот беше поништен.

Кефрен Тирам во 73.минута стрелаше за 1:0, додека печат на победата стави Копмајнерс во 90.минута за конечни 2:0 на оваа интересна средба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО