Рејндерс го продолжи договорот со Милан

Холандскиот фудбалер Тижани Рејндерс го продолжи договорот со Милан, соопшти италијанскиот клуб.

Рејндерс се обврза да остане во Милан до 30 јуни 2030 година.

Неговата моментална пазарна вредност е околу 50 милиони евра.

Рејндерс пристигна во Милано во летото 2023 година од холандскиот АЗ Алкмар и постигна 16 гола на 90 одиграни натпревари за Милан.

Тој оваа сезона веќе одигра 40 натпревари, постигна 12 гола и забележа три асистенции.

За холандската репрезентација одигра 20 натпревари и постигна три гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО