Иако се очекуваше да биде полесно за “шумарите“ во последниот осминафинален меч во ФА Купот, сепак тие и тоа како се изнамачија да стигнат до следната фаза каде за ривал ќе го имаат составот на Брајтон, и тоа на свој терен.
Фудбалерите на Нотингем и Ипсвич откако и по 120 минути одиграа 1:1, мораше да изведуваат пенали за да се дојде до победникот.
Во пенал – серијата домашните имаа повеќе среќа во таа драма и на крајот се радуваа.
Гостите во петтата серија промашија преку Тејлор и тоа беше решавачко, дотогаш сите девет удари од страна на двете екипи беа успешно реализирани.
Да кажеме дека гостите поведоа со голот на Хирст во 53.минута, за да “шумарите“ израмнија на 1:1 во 68.минута преку Јетс.