Алонсо изненаден од својот поранешен тим: Не знам зошто Алпин е толку лош!

Една од легендите на Формула 1, Фернандо Алонсо е изненаден што неговиот поранешен тим Алпин имаше толку лош почеток на сезоната 2024. Алпин е на последното место во шампионатот за конструктори по две кола.

– Кога бев таму беше одлично време. Во најголем дел, работеа истите луѓе како во Рено. Секогаш ќе го сакам овој тим, ќе остане во моето срце. Тешко е да се разбере зошто Алпин е толку лош. Но, се надевам дека ќе ј аподобри сезоната. Тешко е да се коментира однадвор. Го сакам овој тим, ми даде многу во текот на мојата кариера. Се надевам дека ситуацијата ќе се подобри. Сегашните резултати се изненадувачки. Но, се надевам дека ќе бидат подобри наскоро, изјави возачот на Астон Мартин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО