Баерн Минхен е се поблиску до решавање на тренерската позиција. Баварците од новата сезона најверојатно ќе ги води Јулијан Нагелсман, објави „Скај Германија“. Враќањето на 36-годишниот тренер изгледа се пореално, велат информациите.
Во моментов се водат напредни преговори меѓу двете страни. Се очекува Нагелсман да ја одбие понудата на германската федерација и да потпише договор на три или четири години со Баварците. Тренерот се уште не ја донел својата конечна одлука, но неговата желба е да се врати на „Алијанц Арената“, каде што доби отказ во март 2023 година.
Спортските директори на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд се во завршни преговори со агентите на актуелниот селектор на Германија. На списокот на Баварците се и Роберто Де Зерби и Унаи Емери, но Нагелсман треба да стане нов тренер на тимот откако на лето ќе ја води Германија на Европското првенство, по што ќе го замени Томас Тухел.