Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски го објави за стартот на подготовките на Европската Лига. Македонија во септември ја чека и настап на ЕП 2026.
На списокот и најдоа и дебитантите Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов на кои ова им е и прв повик за А-репрезентацијата.
Инаку стартот на подготовките е закажан за 6.мај и тоа во Крушево, една недела порано од предвиденото и тоа на барање на селекторот Миленкоски.
Во периодот од 27 до 29 мај, избраниците на Миленкоски ќе одиграат и две контролни средби со Црна Гора во Подгорица.
Првиот турнир од Европската лига Македонија ќе го организира на домашен терен во Струмица, каде што на 5 јуни ќе се соочи со Холандија, а два дена подоцна и со Луксембург.
Вториот турнир ќе се игра во Атина, каде што следуваат дуели со Исланд (13 јуни) и со домаќинот Грција (14 јуни).
Третиот турнир ќе се одржи во Косово и на 19 јуни Македонија ќе игра против домашната селекција, а веќе следниот ден ја очекува пресметка со Израел.