Јокиќ со нов троен ефект, Леброн со дабл-дабл, за стартни победи на Денвер и Лејкерс во плеј-офот

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плеј-офот за шампионската титула во НБА.

Нагетси славеа на домашен терен со 116:105, а повторно во фокусот на вниманието беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар, дуелот го заврши со троен ефект, постигнувајќи 25 поени, на кои додаде 13 скока и 11 асистенции.

И овојпат Јокиќ имаше поддршка од Џамал ​​Мареј , кој беше прв стрелец 30 поени, како и Арон Гордон кој заврпи со 17 поени и осум скока.

Следниот натпревар во истата сала е закажан за ноќта од понеделник кон вторник од 4:30 часот по полноќ.

Во вториот натпревар под Западната конференција, ЛА Лејкер славеше над Хјустон со 107-98.

Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ, тимот од Лос Анџелес мораше да се потпре на искуството на Леброн Џејмс. Тој натпреварот го заврши со 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Двоен ефект измешаше и Ејтон со 19 поени и 11 скокови, а прв стрелец на Лејкерси беше Кенард со 27 поени.

На дуелите од Истпчната конференција победи ба домашните тимови.

Њујорк Никсс го совладаа составот на Атланта со 113-102. Тандемот Бронсон-Таунс искомбинира 53 поени, првиот постигна 28, а вториот 25.

Екипата на Кливленд го совлада Торонто со 126-113, а прв стрелец беше Донован Мичел со 32 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО