Денвер Нагетс ја совлада Минесота Тимбервулвс со 127:114 во спектакуларен натпревар во НБА лигата, во кој повторно блеснаа Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Српскиот центар одигра уште еден мајсторски меч, запишувајќи трипл-дабл со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции, што е негов трет сезонава и 167. во кариерата. Со тоа Јокиќ продолжува да го зголемува своето место меѓу најдобрите на сите времиња.
Главниот стрелец на вечерта беше Џамал Мареј со импресивни 43 поени, од кои дури 23 во третата четвртина, кога Денвер направи клучен пресврт и стигна до двоцифрена предност.
Минесота настапи без својата ѕвезда Ентони Едвардс, кој има проблем со тетивата, што дополнително ја ослабна нивната офанзива.
Со оваа победа, Денвер го задржа чекорот со водечките екипи на Западот и уште еднаш покажа дека кога Јокиќ и Мареј се во ритам – Нагетс се речиси непобедливи.
НБА, резултати:
Детроит – Кливленд 95:116
Филаделфија – Орландо 136:124
Чикаго – Атланта 128:123
Хјустон – Бруклин 137:109
Њу Орлеанс – Бостон 90:122
Сан Антонио – Торонто 121:103
Далас – Оклахома 94:101
Јута – Феникс 138:134
Минесота – Денвер 114:127
Голден Стејт – Мемфис 131:118
ЛА Лејкерс – Портланд 108:122