Вардар го доби дербито и е нов лидер на ПМФЛ!

Во дербито на 10. коло од Прва Македонска Фудбалска Лига, Вардар постигна значајна победа над актуелниот шампион Шкендија, во натпревар што се одигра во Тетово. Клучниот момент се случи во 49-тата минута кога играчот на Шкендија, Алхасан, играше со рака пред својот гол, а Давид Бабунски беше сигурен реализатор од белата точка.
Шкендија имаше момент на радост во 88. минута, но головото беше поништен од ВАР-системот – стрелецот Ибраими бил во офсајд.
Со оваа победа Вардар се искачи на првото место на табелата со 24 бода и е единствениот тим без пораз до сега.
Ова е прва победа на Вардар против Шкендија по цели осум години, односно по 21 меч.
Оваа победа не само што го носи Вардар на лидерска позиција, туку и ја зголемува самодовербата на тимот пред натамошниот тек на сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО