Јаник Синер пред Вимблдон: Оваа недела беше многу важна за мене

Водечкиот тенисер машка конкуренција, Јаник Синер, рече дека освојувањето на неговата прва титула на трева е совршена подготовка за претстојниот Грен слем турнир – Вимблдон.

Италијанецот, кој ја предводи светската ранг-листа, се радуваше во Хале претходно овој месец и ќе се обиде да оди подалеку од минатогодишното полуфинале во Лондон.

-Очигледно е дека сега сум многу среќен со начинот на кој играв минатата недела. Се обидувам да ја најдам својата добра форма на овие терени, изјави 22-годишниот Синер, кој ќе го има четвртиот настап на Вимблдон.

-Чувствувам дека многу ми помогна околу самодовербата, особено на трева. Очигледно минатата недела беше многу важна за мене. Играв во полуфиналето овде минатата година и знам во мојата глава дека можам да играм прилично добар тенис овде на тревната површина. Но, секоја година е некако поинаква, прокоментира италијанскиот тенисер.

Синер, кој ја освои својата прва Грен слем титула на овогодинешниот Австралија Опен, во понеделник во првото коло ќе се соочи со искусниот Германец Јаник Ханфман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО