Јанакопулос има совршен предлог за Дончиќ: Дојди во Атина!

Кошаркарите на Панатинаикос го совладаа составот на Макаби во преполната „OAKA“, арената, со што се пласираа на годинешниот Ф4 од Евролигата.

По натпреварот, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, на социјалните мрежи се огласи со статус во чест на навивачите на Панатинаикос, кои повторно направија неверојатна атмосфера.

Не помина многу време, па сопственикот на „детелинките“ од Атина, Димитрис Јанакопулос, му одговори во свој стил на словенечкиот репрезентативец.

– Дојди овде и доживеј го тоа искуство, му порача контроверзниот грчки сопственик.

Многумина првично ќе мислат дека Јанакопулос го поканил Дончиќ да игра во дресот на Панатинаикос, но намерата на првиот човек на ПАО беше дао го покани Дончиќ да ја доживее атмосферата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО