Од херој, до трагичар: Разочараниот Нојер сподели како се чувствуваше синоќа

Според многумина стручнаци, Баерн Минхен е неправедно елиминиран од полуфиналето синоќа во Мадрид, а голема заслуга за тоа имаат судиите.

Мануел Нојер делумно беше еден од факторите поради кои Баерн Минхен се елиминирани, а по натпреварот потенцира дека се чувствува виновно за ваков исход.

– Не би знаел што да ви кажам, немам зборови, секој кој барем шутнал топка или одиграл еден натпревар, веројатно знае како се чувствувам во моментот, порача разочараниот Мануел Нојер.

Иако во поголемиот дел од натпреварот беше столб на одбраната, во самиот финиш направи кардинална грешка поради која Баерн Минхен скапо потоа плати.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО