Пуштени билетите во продажба за дербито РК Вардар и РК Пелистер

Пуштени се во продажба билетите за големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Натпреварот ќе се игра на 7 мај од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а интересот е огромен со оглед на значењето на дуелот.

Вардар е на чекор до титулата и му е потребен само еден бод за и теоретски да ја осигура.

Билетите може да се купат онлајн преку TicketX, како и на билетарницата во салата секој работен ден од 10 до 18 часот.

Цените се движат од 250 до 350 денари, во зависност од блокот, а од клубот повикаа на полна сала и силна поддршка во битката за титулата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО