Јамал: Како дете постојано играв фудбал, и најчесто бев голман

Младиот, 16-годишен напаѓач на Барселона, Ламин Јамал изјави дека како дете постојано играл фудбал и поминувал многу време на улица.

– Се сеќавам дека на четиригодишна возраст еднаш излегов надвор со моите другари и ги видов татко ми и братучед ми како играат фудбал во паркот. Во тој момент се заљубив во оваа игра.

Мислам дека како дете поминував повеќе време надвор играјќи фудба отколку дома. Кога бев мал ме ставаа да бидам голман. Честопати ме удираа со топката во лицето, но не ме болеше, не плачев, иако често се враќав дома со модринки, изјави Јамал за „Мундо Депортиво“.

Јамал е производ на школата на Барселона и му се приклучи на првиот тим лани летото. Сезонава тој одигра 34 натпревари за Барса во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и петпати асистираше.

Неговата вредност на фудбалскот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 60 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО