Селекторот на швајцарската репрезентација, Мурат Јакин ќе остане на функцијата, соопшти Швајцарската фудбалска федерација. Деталите од договорот и неговото времетраење ќе бидат соопштени на прес-конференција в понеделник.
Швајцарскиот тим остави добар впечаток на Европското првенство (ЕП) 2024 и стигна до четвртфиналето, каде што загуби од финалистот Англија, на пенали.
Јакин е на чело на репрезентацијата од 2021 година, и ги предводеше Швајцарците до осминафиналето на Светското првенство (СП) 2022 во Катар