Изненадувачка опција за наследник на Клоп на клупата на Ливерпул

Поранешниот тренер на Баерн и Волфсбург, Нико Ковач е опција за нов менаџер на Ливерпул, тврди „Дејли Меил“. „Црвените“ бараат замена за Јирген Клоп кој си заминува на крајот од сезоната.

Досега се веруваше дека тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е фаворит, но медиумите во Англија пишуваа дека опција е и Хрватот. Ковач е слободен откако претходно во сезоната доби отказ од Волфсбург. „Дејли Мејл“ пишува дека претставници на стручњакот биле во Англија, каде имале средби со неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои и Ливерпул.

Интерес за него има и од екипи од Бундеслигата. Ковач е нешто изненадувачка опција за Ливерпул, бидејќи досега не успеа како тренер и на Баерн и на Волфсбург. Го водеше и францускиот тим Монако.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО