Италијанките ја освоија Лигата на нации

Одбојкарките на Италија се победнички на Лигата на нации, откако го победија Бразил во финалето на завршниот турнир во Лоѓ.

Натпреварот беше решен во четири сета, со резултат 3:1 (22:25, 25:18, 25:22, 25:22).

Олимписките шампионки го освоија овој трофеј по трет пат.

Бронзениот медал го освоија полските одбојкарки, кои ја победија Јапонија со 3:1 (25:15, 24:26, 25:16, 25:23).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО