Историја во ЛШ: Барса прва во меч од нокаут-фазата со двајца играчи под 18 години

На синоќашниот реванш осминафинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) против Наполи, Барселона постави нoв рекорд. Тренерот Чави во стартниот состав имаше двајца играчи помлади од 18 години на натпреварот против италијанскиот првак.

Од првата минута на теренот беа крилото Ламин Јамал кој има само 16 години и 243 дена, како и дефанзивецот Пау Кубарси со 17 години и 50 дена.

„Блауграна“ стана првиот тим во историјата на ЛШ кој стартувал со двајца играчи под 18 години во меч од нокаут-фазата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО