Искусниот Мегваер имаше само пофалби за младиот Хојлунд

Фудбалерот, Хари Мегваер, призна дека Манчестер Јунајтед не се сомневал во
талентот на напаѓачот, Расмус Хојлунд. 21-годишниот Данец успеа да се запише
во листата на стрелците на последните пет средби.

-Беше очигледно каков талент има и сега навистина започнува да се подобрува.
Знаевме дека ова ќе се случи бидејќи тој е исклучителен, – вели корпулентниот стопер.

-Поради повреди во тимот, мораше да игра на секој натпревар. Сите гледаме дека знае
како да се наметне во нападот – потенцираше Мегваер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО