Искусниот дефанзивец е исфрустриран од резултатите

Бразилецот, Касемиро, кој на крајот на сезоната треба да го напушти Манчестер Јунајтед, вели дека се нервира бидејќи не може да се бори за титули. Неговиот состав е далеку од врвот во Премиер лигата на Англија а испадна и од Лигата на фудбалските шампиони.

Како стојат работите, екипата од „Олд Трафорд“ во наредната сезона нема да игра во елитата на Европа.

– Ме нервира што не се борам за титули. Понекогаш не можам ниту да спијам. Нема логика да мислиме за титулата или за местата во Лигата на шампионите, мора да размислуваме за тековните натпревари – вели Касемиро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО