Инѕаги посочи што мора да направат за вечерва да ја добијат „старата дама“

Интер вечерва го пречекува составот на Јувентус во дербито на колото од Серија А.

Ова ќе биде крајно важен меч за двете екипи, бидејки во вакви дербиња, победите постојано многу одлучуваат, а многумина сметаат дека победа во едно дерби е еквивалентно рамна на 6 бодови.

Тренерот на домаќините вечерва, Симоне Инѕаги, е свесен дека мора да бидат совршени против „старата дама“, доколку сакаат да победат.

– Двете екипи ќе имаат притисок, но ние сме среќни што ќе играме ново дерби. Играме на нашиот стадион и притисокот ќе биде поголем врз нас, но затоа велам, мора да бидеме совршен Интер вечерва. Сите играчи во моментот ми се на располагање, освен Квадрадо.

– Ова ќе биде важно италијанско дерби, освен на табелата, ќе биде важен и од други аспекти и ќе се обидеме да дадеме се од себе. Во јануари одигравме пет натпревари и бевме добри на сите, донесовме и трофеј дома. Сега сакаме да го добиеме Јувентус и тоа мора да биде во совршен стил, порача Инѕаги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО