Миовски ја потврди добрата форма: Она што им го реков на соиграчите на полувреме…

Абердин вчера одигра само 1:1 против Селтик во рамки на натпреварот од 24. коло во шкотската прва лига.

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски повторно ја покажа својата инвентивност и повторно беше стрелец за неговата екипа, по што им овозможи барем бод против големиот Селтик.

Бојан Миовски повторно покажа дека е ладнокрвен пред противничкиот гол и уште еднаш потврди дека има потенцијал да игра за големи екипи во Европа.

– Имав чувство дека можам да им дадам гол на Селтик, тоа им го реков и на соиграчите на полувреме. Имавме шанси и за победа, но среќни сме и со овој бод против најдобрата екипа во првенството. Ова е мотив плус за нас сезонава, порача Миовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО