Интер ја покори Италија и најави два големи трансфера, двата без пари!

Интер го победи Милан со 2:1 во големото дерби и со тоа ја обезбеди 20. шампионска титула на Италија. Избраниците на Симоне Инзаги сосема заслужено го освоија „скудетото“ доминирајќи сезонава.

Но „нероазурите“ веќе размислуваат за следната година. Интер, преку директорот, Пјеро Аусилио најави два трансфера за следната сезона.

– Можеме да кажеме дека сме блиску до комплетирање на тие зделки, изјави тој по победата над Милан и потврдата на титулата.

Од следната сезона во Интер ќе игра Полјакот, Пјотр Зјелински (29) кој дојде во Италија од 2011 година, кога од Лубин се пресели во Удинезе. Во Наполи е од 2016 година и оттогаш е миленик на навивачите.

Во сезоната 2017/2018 под водство на Маурицио Сари, тој беше еден од главните играчи на тимот што беше на дофат на титулата во Серија А, што конечно ја освои минатото лето. Зјелински има одиграно 364 натпревари за Наполи, даден 51 гол, плус 46 асистенции. За Полска има 88 настапи и дадено 11 гола.

Во Интер ќе пристигне и напаѓачот, Иранецот Мехди Тареми (31), по истекот на договорот со Порто. Тареми во кариера има настапувано за иранските клубови Иранџаван, Шахин и Персеполис.

Во Европа е од 2019 година, кога во Рио Аве пристигна од катарскиот Ал Гарафа, а Порто го ангажира пред четири лета, за 4,7 милиони евра.

За Порто тој одигра на 177 натпревари, постигна 88 гола и асистираше 54 пати. Тој е еден од најдобрите ирански играчи на сите времиња и има 84 настапи и 46 голови за репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО