Инсајдерска информација: Мендеш го „инсталира“ Мурињо во Барселона на местото на Чави?

Фудбалскиот агент Хорхе Мендеш, наводно му понудил на португалскиот стратег Жозе Мурињо, да го наследи Чави Ернандез во Барселона, информацијата ја пласира Ел Национал.

Мурињо вчера доби отказ во Рома поради недоволно добрите резултати, екипа која ја водеше две ипол години и со неа ја освои Конференциската лига.

Мендеш на таа идеја дошол откако разговарал со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, со оглед на тоа дека Каталонците се наоѓаат на 4. место во Ла лига, додека во Суперкупот загубија од Реал со 1:4.

Мурињо на почетокот од кариерата во периодот од 1996 до 2000 година, беше помошник на Боби Робсон и Луи Ван Гал. Како главен тренер ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Португалскиот стратег четири пати беше прогласен за најдобар тренер во светот, а досега има освоено 26 трофеи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО