Бензема ќе го тужи првиот човек на француската полиција: Лаже, ќе го докажам тоа на суд

Францускиот фудбалер Карим Бензема, ќе поднесе тужба против францускиот министер за полиција, кој го обвини за врски со Муслиманското братство.

Претходно Жералд Дарманин, истакна дека Бензема имал „спорна врска“ со една муслиманска исламистичка група, на што овој реагираше со тоа дека ќе се бори преку суд да ја докаже невиноста.

Адвокатот на Бензема смета дека со ваквиот став е поткопан кредибилитетот на фудбалерот, а групата за која се тврди дека шурувале со Бензема е забранета во неколку земји.

Но на ваквиот став на првиот човек на полицијата, кумуваше статусот на Бензема кој на социјалните мрежи напиша дека ги поддржува луѓето во Газа и дека е против тоа што го прави Израел таму.

Карим Бензема, кој игра во Саудиска Арабија и е муслиман, брзо објави демант и се закани со правна постапка против министерот за клевета.

– Свесен сум дека ме користат во политички игри, но ќе го решиме тоа на суд, порача Бензема.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО