Светската ракометна федерација (ИХФ) ја додели последната „вајлд-карта“ за Светското првенство (СП) што ќе се одржи во јануари 2025 година во Хрватска, Норвешка и Данска.
ИХФ се реши „виза“ за Мундијалот да и даде на уште една европска репрезентација, Швајцарија, со што се затвора списокот на учесници од стариот континент на СП.
Во „игра“ за специјалната покана беа повеќе држави, меѓу кои Србија, Црна Гора, Грција, Кина, Саудиска Арабија и Грузија.
Македонија обезбеди настап на СП благодарение на одличната игра во Скопје на бараж-двомечот со Фарските Острови.
Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка ќе се одржи во јануари следната година, а Македонија своите противници во групата и местото каде што ќе игра ќе го дознае на 29 мај.