Гасперини за иднината: Ова е како кога сте во брак и имате деца, но запознавате неверојатно убава жена!

Синоќа Аталанта го победи Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа (ЛЕ) на стадионот „Авива“ во Даблин со 3:0.

За Аталанта тоа беше само втор трофеј во клупската историја. Првиот е Купот на Италија во 1963 година, кога го победи Торино во финалето (3:1).

Сезонава Аталанта под водство на Џан Пјеро Гасперини го загуби финалето од Купот на Италија, од Јувентус (0:1). Тимот од Бергамо по 36 кола се наоѓа на петтото место во Серија А со 66 бода.

По мечот пресреќниот и расположен Гасперини (66) за кого се заинтересирани повеќе тимови, меѓу кои и Наполи, проговори и за својата иднина.

– Вечерва славиме, а утре ќе разговарам со претседателот и ќе видиме што ќе се случува натаму. Во чудна ситуација сум. Ова е како кога сте во брак и имате деца, но запознавате неверојатно убава жена, можеби тоа не е најдобриот пример што можев да го кажам на телевизија“, низ смеа изјави искусниот италијански тренер.

Наполи наводно му понудил на 66-годишниот богат договор. Гасперини е на клупата на Аталанта од летото 2016 година, а во кариерата ги водеше и Кротоне, Џенова, Интер и Палермо.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО