Хрватската тенисерка Дона Векиќ попладнево ја победи Лулу Сун од Нов Зеланд во четвртфиналето на Вимблдон со 2:1, по сетови 5:7, 6:4 и 6:1.
Мечот траеше 2 часа и 9 минути.
Векиќ сервира 11 аса, направи 6 грешки и реализираше 4 брејк топки од вкупно 8.
Сан имаше 10 сервиси за поен, 3 двојни грешки и 2 конвертирани брејк топки од 6.
Хрватката во полуфиналето ќе се сретне со победничката од двојката Јасмин Паолини (Италија) – Ема Наваро (САД).
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Лондон изнесува 63,5 милиони долари.