На шпекулациите им дојде крајот, самиот Марио Хезоња потврди каде ќе игра од следната сезона.
По бројните нагаѓања, конечно дојде одговор од кредибилен извор, па Хрватот потврди дека останува во Реал Мадрид.
– Како што знаете, по последниот натпревар сезонава, станав слободен играч и решив да одлучам каде би можел да играм следната сезона. Со никого досега немав потпишан договор, но ете, тоа сега ќе го слушнете од мене.
– Реал веруваше во мене кога многумина не веруваа, се грижеше за мене и моето семејство од првиот ден кога дојдов овде и направија да се чувствувам како дома. Мојата единствена намера беше да останам овде, па со тоа, среќен сум што можам да известам дека и во иднина ќе го носам дресот на Реал Мадрид, мојот дом, порача Хезоња.
Хезоња според последните информации, ќе заработува по 2,5 милиони евра по сезона, односно вкупно 12,5 милиони заработка за пет сезони.
As you all know, after my last game of the season I became a free agent and I am free to decide where I want to play for the next years. I did not enter any agreement with anyone else as of now, and like I said you will hear it from me first always!
— Mario Hezonja (@mariohezonja) June 20, 2024