Џејсон Кид веќе не е тренер на Далас Маверикс

Далас Маверикс доцна синоќа потврди дека по пет сезони, Џејсон Кид повеќе не е главен тренер на екипата.

Заедничка одлука што доаѓа само две недели откако Маверикс го ангажираа Масаи Уџири како нов претседател на клубот.

Кид имаше учинок од 205 победи и исто толку порази со Далас, и скор од 22-18 во плејофот, пласирајќи се во финалето на Западната конференција во 2022 година и во НБА финалето во 2024 година.

Оваа сезона, Далас не успеа да се пласира во плејофот, освојувајќи го 12. место на Западот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО