Синоќа на Купот на дамите во Бразил се видени незапаметени сцени. Натпреварот меѓу Гремио и Ривер Плата беше прекинат во првото полувреме откако гостите од Аргентина добија шест црвени картони за невидениот хаос што го направија.
Хаосот почна по голот на Гремио за 1-1. Откако беше исклучена една фудбалерка на Ривер, останатите го нападнаа момчето кое беше задолжено за топките. По сето ова судијата реши да исклучи дури шест фудбалерки од гостинскиот тим за крај на мечот.
Двата тима се огласија по натпреварот, жалат за она што се случи на теренот.