Гвардиола за својот играч: Од него зависи дали ќе игра до крајот на сезоната

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека фудбалерот Џек Грилиш ќе се врати во првиот тим кога значително ќе ја подобри својата игра.

Грилиш минатаа сезона во која Сити освои тројна круна, Премиерлига, ЛШ и ФА Куп, одигра 41 натпревар, а оваа беше стартер само на 19 досега, од кои само седум во Премиерлигата.

– Тој е истиот фудбалер, има ист тренер и начн на кој играме и ништо се нема променето. Се работи само за неговата игра, тоа е нешто поинаку. Од првиот ден зборувам дека ни е потребен, тој има посебен квалитет, но од него зависи дали ќе игра во тимот. Се надевам дека ќе може да игра добро последните три месеци, порача Пеп Гвардиола.

Грилиш во 2021 година се пресели од Астон Вила во Манчестер Сити за 100 милиони фунти, но се чини дека Гвардиола не е во целост задоволен од него.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО