Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола е задоволен од играта на неговиот тим на дуелот со Кристал Палас.
„Граѓаните“ вчера на гостувањето во Лондон победија со 3:0 во 16. коло од Премиер лигата.
– Беше тешко. Тие се неверојатно силни. Секој пат кога играме против нив, е многу тешко – тие се физички моќни, знаат како брзо да одат во транзиција. Исто така и се бранат многу добро. Резултатот од 3:0 е добра потврда за нашата сила, изјави Гвардиола за клупскиот сајт.
Манчестер Сити е втор на табелата во англиската Премиер лига со 34 бода, додека Кристал Палас е петти со 26 бода.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: